Невена Георгиевска
Кандидат за градоначалничка на Карпош
Со години активно се залагамза запирање на непланскоградење, за чиста и здрава животна средина. Искрено, чесно и одговорно!
Ние сме граѓанска иницијатива „Независни за Карпош-За заштита на Карпош“.
Здружени, со голем ентузијазам, излегуваме на претстојните локални избори со независна граѓанска листа за членови на Советот на општина Карпош.
Ние сме ваши соседи, активисти и посветени граѓани кои во изминативе години застанаа во одбрана на јавното добро, за хуман и плански урбан развој, за заштита и унапредување на животната средина и со силна заложба за транспарентност и отчетност на локалните власти.