Локални избори 2021
Професија: софтверски електроинженер
Активизам: О2 иницијатива, Ние сме Карпош 4, Го Сакам Водно
Карпош заслужува: да му биде вратен мирот, неговите жители во секој момент да го чуствуваат како свој дом, среден, организиран, чист.
Што може да направам: да бидам граѓанскиот инсајдер во општинскиот совет, да ги застапувам најдобрите интереси во името на моите соседи, да останам непристрасен и непоткуплив борец за чист воздух, зеленило и против урбанистичкото дивеење во нашата општина.
Професија: машински инженер
Активизам: Го Сакам Водно, О2 иницијатива
Карпош заслужува: зелени катчиња, чисти улици и простор да дише.
Што може да направам: да ти дадам навремена информација за секоја промена која влијае на животот во општината, да се борам за сите ставки каде се трошат ТВОИТЕ пари за заедничко добро, да понудам идеи кои ќе влијаат на квалитетот на животот во Карпош.
Атанасов
Професија: економист
Активизам: Спас за Водно, граѓанска иницијатива Трнодол, Чист воздух сега, волонтер на МИА Стоп Сида
Карпош заслужува: развој со имплементација на вистинските потреби на карпошани: повеќе парковско зеленило, помалку бетон, почист воздух, соседи кои си помагаат
Што може да направам: секој глас на моите сограѓани, преку мене како советник, да се чуе во Советот; нема да молчам кога се уништува зеленилото; да ги искористам сите механизми да запре градежното насилство; да им обезбедам на помладите поголем простор за рекреација.
Чакулев
Професија: соматски психолог - танцов терапевт и биохемичар
Активизам: О2 Иницијатива, Го Сакам Водно, Воздух Сега!
Карпош заслужува: да дише длабоко и чисто, зелени оази, безбедни деца на улица, маалски паркови за сите, безбедни вело патеки, мирни улици, ослободени тротоари, уредени јавни површини, многу љубов.
Што можам да направам: да бидам гласот на граѓаните во општинскиот совет, да ги застапувам нивните потреби и барања, да застанам во одбрана на јавниот интерес и јавното добро. Да бидам гласникот од внатре.
Професија: Архитект, м-р за здравствена архитектура, предавач од пракса на ФАД при УАЦС, колумнист во ПОРТА3
Активизам: иницијатор на петицијата „И саем е Скопје“, учесник во граѓанските акции за Треска, Холидеј Ин, борец за пристапен град и системски промени во здравствената архитектура, урбанизмот и планирањето.
Карпош заслужува: да живее според модерните постулати на еднаквост и праведност за сите жители, нова генерација на планови, напуштање на застарениот начин на нивно донесување со исклучување на граѓаните и струката и привилегирано исполнување на желби на поедници. Зeленило, сонце и чист воздух.
Што може да направам: моето искуство да го вложам во подобрување на урбанизмот како директна причина за здравјето и квалитетот на живот. Ќе се залагам за инклузивност и примена на постулатите за здрав живот на сите Карпошани: обезбеден мир, храна, едукација, здравствена заштита, физичка активност, транспорт, чистота
Кочов
Професија: редовен професор, Машински факултет Скопје
Активизам: мапирање на велосипедски патеки, друмски и планински велосипедизам, подигнување на свеста на младите за користење на велосипеди и уживање во природните убавини.
Карпош заслужува: да биде чист, зелен, урбан, среден, мултиетничка средина во која сите ќе се грижиме за организиран модерен маалски живот.
Што може да направам: да се залагам за современа, по европски стандарди општина и за подобрување на велосипедската и сообраќајната инфраструктура во мојот Карпош.
Професија: електроинженер Активизам: Ние сме Карпош 4, Еко-свест и организатор на протестите Излези за Воздух
Карпош заслужува: Да дише. Да биде хумана заедница во која ќе живееме во меѓусебна и во хармонија со животната средина. Да биде здрава средина, облагородена со паркови и зеленило и растеретена од непотребен бетон.
Што може да направам: Да бидам ГЛАС на граѓаните во општинскиот совет, да влијаам на одлуките од јавен интерес, да делувам на унапредување на квалитетот на живеењето, да се залагам за заштита на зеленилото и спротивставам на агресивното градење.
Димов
Професија: електроинженер, ИТ-консултант
Активизам: Ние сме Карпош 4
Карпош заслужува: хумано живеење, развој на инфраструктурата, а не дополнителни згради.
Што може да направам: да се залагам за транспарентност на работата на општината и за домаќински однос кон трошењето на општинскиот буџет.
Професија: пензионирана професорка по англиски јазик
Карпош заслужува: слободни тротоари, пристојни улици, зелените површини и училишните дворови да бидат простор за играње, муабетење… а не паркиралишта. Сакам децата повторно, спокојно и безбедно, да си играат на улица, да цртаат виножита и школици. Сакам сите оние кои имаат домашни миленичиња да ги шетаат без стрес и непријатности,..сакам да живееме во хармонија и да бидеме горди на Карпош.
Што може да направам: да ја доближам работата на советниците до вас преку залагање и инсистирање на транспарентност, да барам да се расправа за горливите теми кои со години нè мачат и истите да се решаваат, да ја пренесам секоја добра идеја за решавање на постоечките проблеми, да разговараме и да се договориме дека можеме и како можеме.
Дамовски
Професија: дипломиран вајар, наставник во гимназиите „Орце Николов“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и Америкен Хајскул Скопје.
Активизам: Го Сакам Водно, Сметлана
Карпош заслужува: средено урбано јадро, развиени зелени простори согласно стандардите, современи објекти за образование.
Што може да направам: да бидам вашиот глас во Советот, секогаш отворен за разговор и за нови идеи од граѓаните кои би ги преточил во иницијативи.
Деловска
Професија: психолог и капитен на женскиот кошаркарски клуб Вардар
Активизам: заштита на животни во соработка со разни здруженија, тренер на лица со попреченост на Специјалната олимпијада Македонија
Карпош заслужува: заштита на автентичноста која му е останата, борба за зачувување на зелените површини, заштита, помагање и регулирање на уличните животни.
Што можам да направам: да ги поддржам акциите кои водат кон позитивни промени на нашата околина, да помогнам при подигање на општествената свест, посебно во делот на помагање на регулирње на добросостојбата и намалување на бројот на уличните животни.
Бојаџиев
Професија: градежен инженер, доктор на науки по земјотресно инженерство, професор на МБУ
Општествен интерес: СТОП за урбаното силување на Карпош и самоволието на локалната самоуправа
Карпош заслужува: урбани населби за мирен и семеен живот, развој во самооддржлива општина со 0% распродадено државно земјиште за спречување на урбаното самоуништување, чиста и здрава животна средина.
Што можам да направам: целосно да ја променам граѓанска перцепција за: немоќноста за решавање на локални проблеми и за неинформираноста за тековните работи и идните планови на општината; дека општината мора да го распродава своето земјиште и да дозволува „бетонски ѕидови“ за да биде оддржлива; иницијатива за вклучувње на граѓаните во носењето на главните одлуки и планови за локален развој.
Професија: економист
Активизам: логистика и учесник на протести за чист воздух, против рудниците на смртта, љубител и помагател на животни.
Карпош заслужува: да стане пример за останатите, со решени диви депонии кои го загадуваат воздухот, со современи сообраќајни решенија и многу зеленило.
Што може да направам: преку поголема транспарентност да ја доближам работата на Советот до вас, да се заложам за стопирање на продажба на државното земјиште, за зголемен инспекциски надзор (градежен и комунален), за објави на конкурси, наместо тендери за решенија на јавниот простор во општината.
Професија: машински инженер
Активизам: Ние сме Карпош 4
Карпош заслужува: да биде на карпошани-не на инвеститори, место за живеење-не за правење брзи огромни профити.
Што може да направам: да има граѓанско креирање на буџетот, обезбедување потребни финансиски средства за намалување на загадувањето, како и за спроведување на граѓански иницијативи.
Митев
Професија: доктор, специјалист по физикална медицина
Активизам: ЕкоКарпош 3,2,1, учесник во активностите на Го сакам Водно и Ние сме Карпош 4
Карпош заслужува: повеќе зеленило, помалку бучава и да дишеме почист воздух.
Што може да направам: заеднички да делуваме на состојбите кои директно влијаат на здравјето на сите нас: намалување на загадениот воздух, зголемување на површините со зеленило и во соработка со полицијата да се делува на бучавата како ризик по здравјето.
Андева
Професија: електроинженер
Активизам: граѓански протести и активности против загадувањето и против уништување на зеленилото.
Карпош заслужува: похумани услови за живеење со поздрава животна средина и спас на зеленилото од бетонизација.
Што може да направам: да се заложам општината одржливо да се развива и да функционира во контекст на развојот на климатските промени и потребата за хуманизирање на јавниот простор.
Мавродиев
Професија: електроинженер
Активизам: граѓанската иницијатива Трнодол
Карпош заслужува: плански развој и средување на сообраќајниот хаос.
Што може да направам: со колективна акција да создадеме нормална животна средина, базирано на искуството од борбата на граѓаните на Трнодол против криминалните дупови.
Поповски
Професија: ликовен педагог, сликар
Активизам: организација и логистика на иницијативи и здруженија за заштита и благосостојба на природата, животните и на човекот
Карпош заслужува: враќање на старите вредности на маалскиот живот - реставрација на зеленилото, широчината, слободниот хоризонт, квалитетен воздух.
Што може да направам: обид за превенција од несоодветни ДУП-ови и бетонизација, за регулација на сообраќајот, намалување на брзината и бучавата; намалување на секаков вид загадување, вклучително и аудио загадување; хумано згрижување на бездомните животни.
Цалев
Професија: електроинженер
Активизам: протести за заштита на зеленилото и на животната средина и против незаконско урбанизирање на парк-шумите
Карпош заслужува: реконструкција на објектите од јавен интерес, чисти улици и тротоари ослободени од паркирани возила.
Што може да направам: ќе се залагам да се имплементираат проекти: за хуман третман на бездомните животни, за селективен третман на отпадот и за средување на состојбата со привремено поставените бандери и растегнатите кабли од операторите, кои мора да се мигрираат под земја.
Професија: економист
Активизам: граѓанска иницијатива Трнодол, собирање на смет на Водно, Трнодол-Жданец
Карпош заслужува: повисок квалитет на живот во смисол повеќе зеленило, паркови, квалитетни образовни установи;
Што може да направам: да продолжам со моите залагања против непланската бетонизација и урбаното дивеење.
Тримовска
Професија: инженер технолог, пензионер
Активизам: протести на граѓанските иницијативи од Карпош 3 и 4
Карпош заслужува: хармонија во живеењето со намалување на секаков вид на загадување, вклучително и бучавата.
Што може да направам: да го применам моето искуство во анализа за води, воздух и почва за еколошко-технолошки проекти и контрола за редовно ажурирање на катастарот на загадувачи.
Цацаноски
Професија: електроинженер
Активизам: протести и активности против непланското урбанизирање и за чист воздух
Карпош заслужува: Побезбеден сообраќај, заштита на животната средина преку селективен третман на отпадот, зголемување на зеленилото и борба против конзумеризмот.
Што може да направам: да ги застапувам интересите на сите нас против урбаниот хаос и за „визија нула“ (нула жртви на градски улици) преку ремоделирање на сообраќајот.