Работа во Совет 2021
- Октомври 2021: Добиени 2280 гласови и освоени 2 советнички места.
- Ноември 2021: Конституирање на Советот и формирање на 7 редовни комисии, активно учество во сите, особено во Комисијата за прописи.
- Дополнително, учество во повеќе посебни комисии: еко дворови, хорско пеење, таленти, стручни стипендии и помош во образованието и спортот.
Поднесено барање за донесување Правилник и План за јавност во работата на општината, кое не е усвоено.
Поставено барање за пренос на седници во живо и воспоставување поголема транспарентност.
Следува силен отпор од општинската администрација со обвинувања за објавување интерни документи и лични податоци
Започнато самостојно снимање и пренос од мобилни телефони, што резултирало со формална одлука на Советот за забрана на снимање на
седниците.
Формиран фронт на сите советнички групи против независните советници со јавни напади и дискредитации.
Притисоците и блокадите траеле неколку месеци, па дури по една година се постигнува реализиран пренос на седниците во живо.
Редовно се објавувале информации за одржување и тек на седниците, а видеозаписите биле поставувани на веб-страницата на општината.
Во декември поднесени неколку предлози:
Одлука за непостапување по донесени одлуки во период на невалиден мандат – не е прифатена.
Одлука за сопирање издавање документи по укинати урбанистички планови – не е усвоена
Одлука за објавување на сите информации согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации – усвоена.
Одлука за задолжување на градоначалникот и службите за доставување материјали во рок – не е усвоена.
Активно учество на две работни средби на кои се презентирани сите 39 ДУП-ови во изработка; информирање на јавноста со фотографии и извештаи.
Истакната е зголемена едукација и интерес кај други советници за темите од урбанизмот.
Одржано јавност и транспарентност во буџетски распределби, со редовно информирање на граѓаните за предложени измени и нови иницијативи.
- Работа во Совет 2022
Почеток на годината: силен притисок за носење ДУП-ови укинати од Уставен суд – ДУП З09 (Млечен ресторан) и ДУП З04 блок 05 (Пуцко Петрол).
Преку факти, фотографии и јавна реакција спречено е гласањето на ДУП З09.
Издржан притисок и закани во врска со гласање за ДУП З04, задржан став за потреба од нови планови според реална состојба на терен.
Почесто пријавување на незаконито градење и проблеми со необезбедени градилишта; изговори од општината поради немање градежен инспектор.
Поднесени барања и истражувања за добивање лиценца за нов инспектор, сомнеж за намерно одложување за да се завршат сомнителни градби.
Март: поддршка на иницијативата Борба за Влае за ДУП СЗ19.
По медиумски настап на Телма за нерегуларности, откриен случајот „Трансмет“ и поднесена пријава до ДКСК, отворен предмет во ЈО.
Април: вклучување со предлози во изработка на Стратешки план за развој 2022–2026; јавни анкети и презентации.
Јуни: заедно со независни иницијативи – активно спротивставување на измените во Правилникот за урбанистичко планирање (оспорување на членот за „стекнато право за градење“).
Јули: иницијатива за суспензија на ДУП за блок 08 (зад бензинска Макпетрол); градоначалникот ја прекинува 11-тата седница и заминува со администрацијата. Поднесени пријави до неколку инспекторати – без резултат.
Август: поднесени две иницијативи за редовни сообраќајни патроли; седницата прекината при точка за ДУП З09.
Ноември: предложена поголема транспарентност при ЈА и ЈП; прифатен делумно предлогот – информациите да бидат во ударни вести.
Ноември–декември: завршена обука „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“.
Кон крај на година: реакција на буџет 2023 – барање поголем дел за екологија и енергетика, усвоени предлози за ЛЕАП и нов систем на греење во ОУ „Аврам Писевски“.
Работа во Совет 2023
Почеток: противење на програмата за градежно земјиште (продажба на 11 парцели во Касарна Илинден).
Март–април: активно учество во проект „Форум во заедницата“ на УНДП; иницијативи за емитување на седниците во живо; резултат – од април започнува објавување на снимки, а од декември пренос во живо.
Организирање на проектен форум за зајакнување на граѓанското учество.
Мај: реакција против можната одлука за откажување од проектот на УНДП за сензорни соби во градинки; по јавен притисок проектот продолжува.
Мај–јуни: членство во комисија за тендер за замена на старите светилки со ЛЕД.
Поддршка на „Борба за Влае“ во стопирање улица низ училишниот двор „Димо Хаџи Димов“.
Јули: алармирање за нелегална градба кај „Алумина“ без валиден ДУП – перална и улица регистрирани како „урбана опрема“.
Август: по пријава – Антикорупциска комисија отвора иницијатива до Обвинителството против сите инволвирани во донесување на ДУП З04 (Борис Трајковски).
Септември: предлог за забрана на дувалки за лисја – неусвоен.
Октомври: аларм за висококатница зад Макпетрол; објавени документи со потпис од градоначалникот Јакимовски.
Декември: јавна анкета и презентација за новиот ДУП З06 блок 11 (кај „Алумина“), прв пат со 3Д приказ; истакнати сериозни несогласувања со планот.
- Активно учество во урбанистички прашања, пријавување незаконски активности и притисоци.
- Континуирана работа за подобрување на јавните услуги и информирање на граѓаните.
- Регуларно поставување на советнички прашања и пријавување проблеми.
- Борба против неправилности и корупција во урбанистичкото планирање.
- Соочување со закани и притисоци, со пријави до надлежните институции.
Работа во Совет 2024
- При буџетските преговори внесени 3 милиони денари за нов ЛЕАП и прифатен предлог за зголемување на надомест за новороденчиња од 4.000 на 8.000 денари (предлог бил 10.000).
- Гласавме за буџетот со цел да не се блокира работата на општината.
- Jануари–февруари: собир со жители на Тафталиџе 1, детално информирање за статусот на активните ДУП-ови.
- Поднесена иницијатива за измена на деловникот на Советот, но процедурата беше блокирана.
- На вонредна седница доставивме сугестии за оспорување на ДУП во Ѓорче Петров, но градоначалникот не ги поднесе до Уставниот суд.
- Програмата за урбанистичко планирање не беше изгласана, побарано е приоретизирање на плановите.
- По пријава, беше исчистен просторот зад салата Форца.
- Организирана средба за реализација на компостара во училишта.
Работа во Совет 2025
- Зголемена е еднократната парична помош во програмата за социјална заштита.
- Организирана средба помеѓу општинските служби и здруженија за згрижување бездомни кучиња.
- Во ребалансот на буџетот вметната ставка за бунари со техничка вода за зачувување на зеленилото.
- Присуствувавме на јавни презентации и слушнавме забелешки од граѓани за ДУП.
- Организиравме средба со граѓани за слушање мислења пред гласањето на ДУП.
- Поставивме бројни советнички прашања и ги информиравме граѓаните за одговорите.
- По наша пријава се изврши чистење на објектот Домче, со продолжување на надворешното отстранување на отпадот.