Дневен ред за трета седница на Советот на Општина Карпош

Дневен ред за трета седница на Советот на Општина Карпош за  29 декември 2021 година (среда), со почеток во 09.30 часот.

1 Предлог-Заклучок за усвојување на информација по Одлука за задолжување на службите да изработат спецификација на технички можности за следење и објавување на седниците и комисиите во живо, со рок до прва наредна седница

2. Предлог-Одлука за донесување на техничка исправка за ГП 4.6.7 од Детален урбанистички план (измена и дополна) за населба Влае 1, дел Б, Општина Карпош – Скопје (Одлука бр. 07-1080/1 од 19.07.2002 година), изработена од Тајфа План доо - Скопје

3. Предлог-Одлука за утврдување надоместок на членовите на Општинска изборна комисија Карпош и избирачките одбори на подрачјето на Општина Карпош за извршената работа во подготовката и спроведувањето на Локалните избори 2021 година

4. Предлог-План-Програми за поништување на План-Програмите за развој на Општина Карпош за 2021 година 

5. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на заслужен граѓанин 

6. Предлог-Програма за урбанистичко планирање за 2022 година;

7. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на екологија и енергетската ефикасност за 2022 година;

8. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на развојот на општината за 2022 година;

9. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2022 година;

10. Предлог-Програма за изградба, редовно и инвестиционо одржување и зимско оддржување на сервисни, станбени улици и локални патишта на подрачјето на Општина Карпош за 2022 година;

11. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на културата за 2022 година;

12. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на спортот за 2022 година;

13. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2022 година;

14. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2022 година;

15. Предлог-Програма за активностите во областа на заштита и спасување на граѓани и материјални добра за 2022 година;

16. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на информатичката технологија за 2022 година;

17. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на месна самоуправа за 2022 година;

18. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на еднакви можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош за 2022 година;

19. Предлог-Програма за одбележување на 46 годишнината на Општина Карпош;

20 Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош на Одделението за односи со јавност за 2022 година;

21. Предлог-Буџет на Општина Карпош за 2022 година;

22. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2022 година;

23. Предлог-Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2022 година

24. Предлог-Одлука за вредноста на бодот на платите на државните службеници за 2022 година;

25. Предлог-Буџетски календар за 2022 година

матријали